По обилното невреме кое го зафати нашиот град и за кратко време беа наврнати големи количества на дожд, град и силен ветер, настанати се последици од ова кратко но силно невреме, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„Се апелира до граѓаните да останат во своите домови затоа што некои улици се блокирани од паднати дрва, на некои места е излеана реката Луда Мара и има наноси од силното невреме. На терен се службите на ЈП Комуналец како и ТППЕ Кавадарци.
Исто така се апелира до граѓаните доколку имаат било каков проблем од настанатото невреме да пријават на телефонските броеви на ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и на 13 300“, се додава во неговата објава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
Видео на денот
Post a Comment